Германскиот бизнисмен Клаус Запф кој е познат и како „лудиот милионер“ и покрај огромното богатство што го направил со својата компанија за преселување, живеел под кирија и трошел околу 400 евра месечно.Неговата компанија со ангажманите на глобално ниво, му носеше милиони, но Запф собирал пластични шишиња и донирал огромен дел од парите. Дури и пазарењето за намирници, го правел во супермаркетите како секој просечен граѓанин.
Запф кој почина минатата недела, бизнисот со преселувањето го почнал во 1975 година, откако купил едно старо комби, кое не знаел ни да го вози, па вработил возач, а самиот го товарел мебелот.
Но, поради својот социјалистички пристап во кој ја истакнувал важноста на колективот и грижата за работниците, наскоро станал популарен и омилен, а неговото мото било: Компанијата Запф е во сопственост на работниците“.
И покрај огромното богатство кое го стекнал благодарение на капиталистичкиот систем, останал верен на своите левичарски и социјалистички уверувања. На влезот на својата компанија имал огромна скулптура на Ленин во знак на почит кон својот херој и неговата филозофија, пишува Daily Mail.
Своите социјалистички ставови секогаш ги истакнувал во водењето на компанијата која ја опишувал како место на кое секогаш се „лечат“ заблудите за големината и како западно-берлински колектив за преселување.
Тој почина минатата недела од срцев удар во 62-та година од животот, за време на својот трет меден месец, оставајќи огромно богатство, што најверојатно ќе го наследат неговата сопруга и ќерка. Според проценките, богатството е околу 10 милиони долари, а неговата компанија во моментот има 600 вработени.
И покрај овие импресивни бројки, тој месечно трошел околу 400 евра, а се облекувал како припадник на американската бит генерација од 60-тите години.
Во едно интервју минатата година, Запф изјавил: „Не ми требаат пари, тие ги прават луѓето нееднакви. Постојат премногу идиоти кои имаат пари, светот нема потреба од уште еден“.Неговата компанија со ангажманите на глобално ниво, му носеше милиони, но Запф собирал пластични шишиња и донирал огромен дел од парите. Дури и паз



