Веќе 25 дена ништо не се знае за исчезнатата Ивана Подрашчиќ (14) од Белград. Нејзината мајка не делува загрижено и на прашањата за својата ќерка одговара : Пуштете ме малку да се одморам од нејзе“!„Нема никакви вести. Се што знаевме и кажавме на полицијата, и сега оставете ме да се одморам малку од нејзе“, изјавила нејзината мајка Нада.
Соседите за исчезнатата Ивана имаат само пофални зборови како и за нејзините брат и сестра. Како што претпоставуваат, Ивана си отишла од куќата „за да се спаси од бедата и јадот“. Сестрата на Ивана (16) се пожалила кај соседите дека сестра и со денови не доаѓа дома и дека телефонот и е исклучен, па сосетката одлучила да го пријави нејзиното исчезнување.
“Николина дојде кај мене и ми кажа дека ја нема сестра и. Истата ноќ преку Фејсбук го пријавивме нејзиното исчезнување, алармирана е полицијата, а утрово отпечативме плакати со сликата на Ивана и ги залепивме по цела Батајница. Но, таткото на Ивана одеше по нас и ги кинеше плакатите. Центарот за социјална работа во неколку наврати доаѓаше кај семејството Подрашчиќ, но не знам што се случило… Веќе се плашам да не и се случило нешто страшно на Ивана“, вели загрижената сосетка.
Таа вели дека татко и на Ивана Драго е добар мајстор, но се што ќе заработи го троши на пиење, а за исчезнувањето на ќерката не ја известил ниту ќерката која живее на Флорида.„Нема никакви вести. Се што знаевме и кажавме на полицијата, и сега оставете ме да се одморам малку од нејзе“, изјавила нејзината мајка



