Не само што е активна и креативна со готово 100 наполнети години, туку Лилиен Вебер од Ајова со својата работа успева и да ги усреќи децата кои живеат илјадници километри подалеку од неа.Нешто помалку од шест месеци ја делат од 100-тиот роденден, но Лилиен Вебер (99) е повредна од оние кои трикратно се помлади од неа. Она што ја прави да биде исклучителна е дека шие фустанчиња за сиромашните девојчиња ширум светот.
Лилиен до сега има сошиено 840 фустанчиња и нема намера да застане.
„Немам намера да престанам да шијам фустанчиња и ако ја достигнам бројката од 1000 сошиени парчиња. Едноставно ќе продолжам понатаму“, изјавила Лилиен за локалната телевизија.
Фустаните се дистрибуираат преку организацијата „Фустанчиња за Африка“, која до сега доставила преку 2,5 милиони вакви подароци. Поголем дел од нив се испратени во Африка, но некои стигнале и до загрозените деца во Хаити, Хондурас, Тајланд, Мексико и други земји.
Нешто помалку од шест месеци ја делат од 100-тиот роденден, но Лилиен Вебер (99) е повредна од оние кои трикратно се помлади од неа. Она што ја пра



