ДЕВЕТ ДЕНА ПОТРАГА: Потресно писмо од пријателите на исчезнатата Тијана Јуриќ

Нејзината сестра Сашка и пријателите Сања, Маја, Миливое, Вељко, Себа, Лука, Наташа, Стефан, Даки, Милица, Дејан, Борис и Милица напишале писмо и го упатиле до претседателот на Србија, претседателот на владата и министерот на полицијата.По Тијана Јуриќ не трагаат само полицијата, родителите и мештаните на Бајмок и Суботица туку преку Фејсбук и половина Европа. На оваа социјална мрежа отворени се бројни страници за исчезнатата тинејџерка, а една од најсериозните се вика „ Pomozite da se nađe Tijana Jurić. Zajednica“. Пријателите на Тијана упатиле до државниот врв писмо со апел да им се помогне во потрагата за исчезнатата пријателка. Писмото го пренесувамне во целост.
Пошитуван господине Томислав Николиќ, Александар Вучиќ и Небојша Стефановиќ!
Поминаа девет дена откако исчезна нашата другарка Тијана од Суботица. Тоа се случи во нашиот Бајмок. Полицијата прави се за да ја најде, но за нас, нејзините пријатели неизвесноста низ која поминуваме е тешка и долга. Девет дена живееме без информација за Тијана! Со сето срце веруваме дека ќе направите се што е во ваша моќ, за нашите желби да се исполнат и повторно да ја прегрнеме, да ја пронајдете жива и здрава и да ни ја вратите. Бидејќи, Вие тоа го можете! Она што ние можеме е да ви опишеме како се чувствуваме и да ве запознаеме со нашата Тијана.
Сашка: Таа е мојата мала сестра. Не можам, не сакам и нема да замислувам ниту еден ден без нејзе! Ве молам вратете ми ја! Можам само да верувам дека повторно ќе ја прегрнам мојата сестричка. Сакам да и порачам дека подарокот што ми го купи на море се уште не сум го отворила, чекам заедно да го направиме тоа. Со денови сонувам будна како ја отвара портата, ги шири рацете и ми вели „Дадо се вратив!“.

Сања: Тијана е една многу ведра девојка, насмеана. Таа секогаш се шали. Единствено со нејзе можам да бидам тоа што сум. Прва е. Со нејзе можам да зборувам за било што. Знам дека таа секогаш би била тука за мене, како и јас за нејзе! Денес е тешко да се најде вистински пријател. Нјмногу од се ми недостасува нејзиниот „најсладок бакнеж“  како и прошетката со нејзе. Од онаа ноќ кога исчезна мојот живот застана.
Маја:  Многу сакав да дојде овој летен распуст за што повеќе време да поминувам со нејзе. Тијана е личност која ни во најтешките мигови не ја трга насмевката од лицето. Преку ноќ ми се смени животот. Најмногу ми недостига начинот на кој таа се шегуваше. Имам многу наши пријатели кои нестрпливо чекаат радосни вести, бидејќи поинаку нема и не смее да биде!
Миливое: Од денот кога исчезна, со тебе отиде и половина од мојата душа и желба да продолжам да живеам како претходно. Со денови не правам ништо друго, само мислам на тебе и времето го поминувам со друштвото со кое си го поминувала времето. Би ме израдувала само една вест, дека си жива и здрава и дека ќе ни се вратиш! Само тоа ќе ни влее надеж за нов живот!
Вељко: Тијана ти си вредна и одговорна. Секогаш нестрпливо те чекавме  да ги завршиш обврските и да ни се придружиш! Не бевме секогаш баш трпеливи, но кога ќе се појавеше со својата волшебна насмевка  и со песна не расположуваше.
Себа: Таа секогаш пее и не е свесна колку јас нејзе ја сакам! Но, сеедно дали пее или не,  таа е некој кој секогаш успева да ме орасположи! Не постои личност која ја познавам што личи на нејзе и и се восхитувам колку е силна. Верувам дека ќе се врати, бидејќи приказната за мојот живот не може да продолжи вака!
Лука:Тијана е моја многу добра другарка. Многу е дружељубива и позитивна.  Би ја замолил полицијата да ја најде и да ни ја врати, бидејќи не сакам да замислам да живеам без нејзе!

Наташа: Со Тијана поминав многу убави моменти! Како што минува денот  се повеќе ми недостасува! Душата ме боли само кога ќе ми помине низ глава каде е таа сега, со кого и низ што се минува. Едвај чекам да ја видам, да ја прегрнам…
Стефан: Откако исчезна Тијана, исчезна и дел од мене  заедно со нејзе. Повеќе не сум истиот! Секогаш кога ќе ја видам нејзината слика, срцето ми се кине, бидејќи таа не е со нас.
Милица: Нашата Тијана е добра, чиста душа, искрен пријател, убава како ангел. Сторете се за да ни ја вратите.
Борис: Пред се, секогаш зрачи со позитивна енергија.  Никогаш нема да заборавам кога во 2011 година заедно со нејзината сестра ја пеевме песната „Breakeven“! Тијана дефинитивно не го заслужува ова што и се случува. Сигурен сум дека ќе се појави жива и здрава и дека повторно ќе ги поминуваме деновите заедно низ смеа…
Ве молиме вратете ни ја нашата Тијана!!!По Тијана Јуриќ не трагаат само полицијата, родителите и мештаните на Бајмок и Суботица туку преку Фејсбук и половина Европа. На оваа социјална мре

Пронајдете не на следниве мрежи: