Пациент со симптоми на ебола е хоспитализиран во Хонг Конг. Според информациите на весникот „Чајна Дејли“, жената која што е сместена во карантин, неодамна се вратила од Африка каде што епидемијата однела повеќе од 670 животи.Алармот се слуша и во Европа. Во понеделникот, на меѓународниот аеродром во Бирмингем, од Нигерија пристигнал патник со симптоми на ебола. Според податоците на каналот „Скај њуз“, тестовите не го потврдиле присуството на болеста кај ова лице. Меѓутоа, британската влада најавила закажување на итна седница на кризниот штаб „Кобра“ поради опасноста од ширење на епидемија на ебола.
Сегашната епидемија на еболата почнала во Гвинеја, во февруари годинава. Оттаму, вирусот се проширл на соседните Сиера Леоне и Либерија. Пред неколку дена, првиот смртен случај е забележан во најголемиот град на густо населената Нигерија, Лагос. Досега, вкупно се забележани повеќе од 1.100 случаеви, од кои скоро 700 имале трагичен крај. За прв пат во историјата, еболата е толку крволочна, вели докторот по биолошки науки, Михаил Шелканов.
Проблемот е во тоа што за оваа болест не постои третман. Вирусот е откриен во 1976 година, во Демократската Република Конго, во селото крај брегот на реката Ебола, поради која овој вирус го добил името. Оттогаш се случиле само неколку локални епидемии.
Сегашната епидемија на еболата лесно ги преминува границите. Веќе се починати двата американски лекари кои помагале во борбата против таа болест во Африка. Пациенти со слични симптоми се хоспитализирани во Канада и Велика Британија. Сите тие неодамна се вратиле од Африка.
Во таа смисла, воведени се зголемени мерки за контрола на патниците кои доаѓаат од Западна Африка.
На 24 јули беше одржан состанок кај генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), во Женева, каде што се зборуваше за напорите во борбата против епидемијата на еболата во африканскиот регион. Беше истакната неопходноста за добивање на дополнителни финансиски и административни ресурси за превенција на епидемијата.
Според податоците на „Лекари без граници“, доколку вирусот продолжи да се шири со ова темпо, со леснотија ќе ја надмине сидата во светската статистика на смртоносни болести.Алармот се слуша и во Европа. Во понеделникот, на меѓународниот аеродром во Бирмингем, од Нигерија пристигнал патник со симптоми на ебола. Според п



