Кога почина познатиот истражувач Лоренс Ентони, на бдеењето дошле и оние кои никој не ги очекувал. Имено, слонови од две крда пешачеле најмалку 12 часа од џунглата до неговата куќа, со цел да му оддадат последна почест.Според зборовите на неговиот син Дилан, слоновите пристигнале набрзо по смртта на неговиот татко.
„Првото крдо стигна во неделата, а второто веќе наредниот ден. Сите се задржаа два дена пред да се решат да го напуштат нашиот имот и да се вратат во дивината“, им рече Дилан на медиумите.
Познато е дека слоновите ги оплакуваат своите мртви. Исто така, познато е дека тие имаат и неверојатна меморија, а Лоренс Ентони дефинитивно е дел од нивните добри спомени.
Ентони целиот свој живот им го посветил на слоовите, а бил познат и како „шептач на слоновите“. Тој спасил многу насилни слонови од сигурна смрт, а потоа ги рехабилитирал.
Ентони ја имал способноста да ги смири трауматизираните слонови, да допре до нив и да ја придобие нивната доверба. Но, остана само една мала дилема – како знаеле дека тој починал токму на тој ден.
Ентони починал во 2012 година, но овој настан и до ден денес ја интригира јавноста, како и љубителите на животните.
Тоа што се случило на тој ден пред две години, е доказ дека животните поседуваат многу поголема емпатија отколку што мислевме.Според зборовите на неговиот син Дилан, слоновите пристигнале набрзо по смртта на неговиот татко.
„Првото крдо стигна во неделата, а



