Денес секој од нас има барем по еден пар фармерки, било да имаме 9 или 99 години. Но, колку и да се скапи и модерни, секогаш треба да знаеме правилно га си ги испереме.Перете ги од опачината
Во машината за перење ткаенините се тријат една од друга што може да предизвика кинење на облеката или губење на бојата. Затоа фармерките секогаш превртувајте ги од внатрешната страна на надвор и затворете ги сите патенти пред да ги ставите за перење, така ќе избегнете многу оштетувања.
Сте ја наполниле машината со панталони
Доколку сакате фармерките подолго да ви потрајат, ставете само еден пар во машината, па останатите оставете ги за наредните перења. Така фармерките имаад добволно простор за движење во барабанот на машината за перење и не се тријат од останатата облека, што би било случај доколку ставите повеќе парови одеднаш.
Зачувување на ткаенината и бојата
Најдобро е фармерките да си ги перете на раце и да избегнувате да ги перете во врела вода, како во машината на пример. Потоа само оставете ги да се исцедат и исушат. Но, понекогаш може да се толку извалкани што морате да ги ставите во машина.
Детергент кој ја чува бојата
Пожелно е да користите ваков детергент за перење на фармерките. Не само што е добар за бојата, туку и го разградува хлорот во водата, кој е главен виновник за избледување на бојата на фармерките.
Сушење на фармерките
Ткаенините се собираат и смалуваат ако се пресушат, односно ако предолго ги оставите во машината за сушење алишта. Затоа е најдобро фармерките да ги извадите од машина додека се се уште влажни, да ги обесите на жица и да ги оставите самите да се исушат.Перете ги од опачината
Во машината за перење ткаенините се тријат една од друга што може д



