Речиси секое трето лице има проблем со крвниот притисок. Високиот крвен притисок може да предизвика долгорочни псоледици по здравјето на човекот.
Тој може да биде причина за мозочен удар, инфаркт и болести на крвните садови.За оваа состојба постојат лекови, но некои едноставни трикови можат да ви помогнат сами да го намалите крвниот притисок. Овие методи не се скапоцени и вклучуваат вежбање, исхрана и промена на начинот на живот.
Вежбајте
Редовно вежбање е одличен метод за намалување на притисокот. Најмалку 30 до 60 минути тренинг, неколку пати неделно е доволно. Секако, со вежбањето ја одржувате тежината, која исто така влијае на крвниот притисок.
Исфрлете го алкохолот
Намалете го внесот на алкохол во организмот. Тој не е добар за вашето здравје. Конзумирање една чаша дневно за жени и две чаши дневно за мажи се смета за умерена количина алкохол, која можете да си ја дозволите и да не се грижите за здравјето.
Ослободете се од вишокот килограми
Внимавајте што јадете! Доколку намалите само четири килограми, веќе ќе почувствувате промени во здравствената состојба. Обемот на половината најдобро покажува дали имаме вишок маснотии. Ако симнете што повеќе килограми, помали се шансите дека ќе имате проблеми со крвниот притисок.
Контролирајте го стресот
Стресот е причинител за многу болести, а исто така може да предизвика и висок притисок. Избегнувајте стресни ситуации, или ако веќе се најдете во нив, дишете длабоко! Звучи премногу лесно, но делува. Три длабоки воздишки ќе ве вратат во мирна состојба.За оваа состојба постојат лекови, но некои едноставни трикови можат да ви помогнат сами да го намалите крвниот притисок. Овие методи не се скапоцен



