Иако денес инфекциите се значително посилно отколку порано, им остануваме верни на рецептите на нашите баби, па веднаш посегнуваме по топол чај и стапала затоплени во пченкарно брашно. Затоа ако чувствувате дека настинката ве демне, веднаш во кујната и пригответе некој од старите добро познати лекови.
– Исцедете портокал, лимон или грејпфрут. Ако на овој коктел му додадете уште две лажици мелен бадем, ќе добиете вистинска енергетска бомба.
– Чајот од камилица, шипка, нане, хибискус, жалфија пијте ги колку што е можно повеќе бидејќи тие се вистинското решение за болно грло.
– Ако имате температура, сварете пилешка супа. При потењето организмот ги губи драгоцените електролити, а супата е извор на цинк кој го спречува размножувањето на вируси.
– Болеста ќе исчезне ако ја нападнете со зелка, морков, цвекло, варен компир и пченка.
– Ризницата на каротен, витамин Ц и Е се наоѓа во зелените делови на празот. Овој зеленчук го јакне имунитетот и помага кај настинката и инфекциите.
– Лукот изобилува со алин, состојка која има антибактериски и антивирусни дејства.
– Со џвакање на свеж морков го намалувате бројот на микроорганизми во усната шуплина, што е особено важно во почетната фаза на настинката.
– Избегнувајте слатки бидејќи шеќерот го ослабува имунолошкиот систем.
ВечерИако денес инфекциите се значително посилно отколку порано, им остануваме верни на рецептите на нашите баби, па веднашЛековите од нашите баби!