Ова се најголемите викенд грешки!

Со нетрпение ги очекуваме сабота и недела, а потоа тие драгоцени 48 часа ги упропастиме со лошите навики…1.Доцна си легнувате
Во текот на викендите рутината на спиење може да се промени. Тогаш сме најчесто будни до доцна навечер, па следниот ден остануваме  долго во кревет. Без разлика на тоа колку ќе си обезбедите сон, ќе се чувствувате уморно и потешко ќе го вратите ритамот на спиење во текот на неделата што следи.
Избегнувајте го седењето до доцна и за време на викендите, потрудете се да станувате во вообичаеното време.
2.Прејадување
За време на викендите е одлична можност да си дозволиме малку повеќе од колку што треба. Тоа е дел од неделата кога повеќето ги прекршуваат диетите. Истражувањата на Универзитетот во Вашингтон(2010), покажала дека луѓето за време на викенд најчесто забораваат на своите диети и броење на калории, што го загрозува нивниот процес на слабеење.

3.Окупирање со технологија
Лушето се толку навикнати на модерните технолошки помагала, па и за време на оние денови кога можат да се ослободат од нив, тие повторно се „залепени“ за нив. Ваквата преокупираност доведува до проблеми во спиењето, го зголемува нивото на стрес  и го попречува вниманието.
Затоа треба да се „исклучите“ и да си дозволите релаксиран викенд, да бидете подалеку од технологијата, останете надвор или некаде во природа, така ќе бидете порелаксирани и спремни за неделата која следи.
4.Работата ја носите дома
Лаура Вандеркем, авторката на книгата „Што најуспешните луѓе прават за викенд?“, потенцира, дека во сабота и недела треба максимално да се одмориме, а не да ги проверуваме мејловите или завршуваме работните обврски кои тоа ќе не направи попродуктивни.
Уредничката на списанието „Космополитан“, Џоана Колс, препорачува вакви совет:
„Никогаш не работам во недела, освен ако е кризна ситуација. Сабота и недела се денови кога се опуштам. Сфатив дека, доколку не се одморам тогаш, подоцна ќе бидам премногу уморна. Ги сакам ти е денови бидејќи го означуваат крајот на работењето“, изјавила за „Њујорк тајмс“.

5.Ги завршувате домашните обврски
Наместо да ги оставате сите домашни обврски за викенд, навикнете се да одвојувате по 30 минути во текот на неделата за завршување на истите. Доколку се оставите за викенд, во понеделник нема да бидете спремни за новите задачи на работа.
6.Неделен стрес
Неделата нема лесно да ја издржите, доколку вашите мисли се преокупирани за напорната недела која следи. Така можете да добиете страв за враќање на работа. Решението е да, деновите од викенд да ги поминете со најблиските, така ќе се опуштите максимално.
 1.Доцна си легнувате
Во текот на викендите рутината на спиење може да се промени.

Пронајдете не на следниве мрежи: