Тажна приказна: Ова младо момче е само една од жртвите на канабисот!

Метју беше бистро младо момчена кое математиката и сродните науки одлично му одеа. Но, тој почна со пушење на канабис и „безопасната“ дрога го зеде својот данок. Тој почна да има халуцинации и стана неверојатно параноичен. Непредвидливото однесување на Метју се претвори во насилно и тој почна да зборува за самоубиство. Родителите го однесле во болница, но тој таму трагично се обеси. Лекарите на Метју веруваат дека неговото самоубиство беше предизвикано од пушење канабис.
 
Мелани Лихи има многу слики од нејзиниот син Метју. Но, една фотографија на која Метју има 13 години, свежо лице и облечен е во неговата училишна униформа е најпотресувачка од сите. „Метју штотуку беше награден со високи оценки во сите негови наставни предмети и беше на врвот на зрелоста, со целата иднина пред него“, се сеќава таа. „Дури уште како малечок, тој зборуваше за својата иднина, како сака да има големо семејство и како сака да започне сопствен бизнис“.
 
Трагично, но тоа е иднината на нејзиното дете која што Мелани никогаш нема да ја види. Метју на возраст од дваесет години, некогашен ученик со највисок просек, експерт по скијање и квалификуван спасувач, се обеси минатиот ноември. Докторите веруваат дека неговото самоубиство било поттикнато поради пушење на канабис.
 
Секој вид на самоубиство претставува трагедија, но она што го прави случајот на Метју дури и повеќе од шокантен е тоа што овој млад човек си го одзеде својот живот во здравствена институција за ментално болни. И покрај тоа што бил речиси под постојан надзор поради неговата нестабилна состојба на умот, Метју сепак  успеа да се самоубие.
 
 
„Кога го добив телефонскиот повик за да е информираат за смртта на Метју, тоа ми го скрши срцето“, вели Мелани, четириесет и осум годишна менаџерка на имот. „Но, најмногу од се` јас бев во шок како докторите дозволиле нешто вакво да се случи. Мајкл, таткото на Метју и јас имавме потешкотии да се соочиме со фактот што мораме да го затвориме во таа болница. Ние верувавме дека тој е во најбезбедните раце и дека ние го правиме она што е најдобро за него. Ние никогаш не би се согласиле да знаевме дека го испраќаме кон неговата смрт“. Мелани се сомнева во неговото лекување во менталната болница во Челмсфорд, Есекс.
 

 

Неколку други млади луѓе си ги одзеле своите животи додека биле згрижени во институции последниве години, а родителите на Метју се уште чекаат на одговорите на прашањето што навистина се случило со нивното сакано момче? Тоа е канабисот, наркотик најчесто класифициран како „безопасен“, што според лекарите е виновникот за неговото самоуништување. Роден во декември, 1991, Метју беше здраво, среќно и бистро момче, според неговата мајка.
 
„Метју беше апсолутно прекрасен и наскоро беше јасно дека тој е многу интелигентен“, вели Мелани, која живее во Хејбриџ, Есекс. „ Тој научи да плива на возраст од 3 години, а на возраст од девет одлично му одеше на училиште.“За жал, на оваа негова возраст Мелани и угостителот Мајкл, се разведоа. „Ние се оддалечувавме еден од друг долго време“, објаснува таа. „Но, кога стануваше збор за Метју, ние останавме во пријателски однос, споделувајќи ја грижата за него“. И покрај тоа што Мелани и Метју се преселија петнаесет километри подалеку во мала трособна куќа, Метју го делеше своето време помеѓу домовите на неговите родители.
 
„Ние бевме пресреќни и горди кога Метју го положи испитот и освои шесто во средното училиште за момчиња во Вестклиф, училиште за селективна граматика. Тој покажа успех по математика и природните науки и немаше никаков проблем со компјутери“, вели неговата мајка. Како и да е, на возраст од 14 години, учителите на Метју изјавиле дека тој повеќе не внимава на наставата како порано.
 
Поради карактеристичниот мирис на канабисот на неговата облека, и неговото непредвидливо однесување, двајцата Мелани и Мајкл се сомневаа дека Метју ја конзумира оваа дрога. „Му се спротивставив на тоа, но тој негираше“, вели Мелани. Во Јуни 2005 – откако пријателка на елани и пренела дека го видела Метју како пуши марихуана во парк – Мелани го однела синот кај општиот лекар. „Сакав да биде тестиран“, вели таа. Матичниот лекар одбил тоа да го направи, објаснувајќи дека тоа не е задача на општите лекари, но Мелани остана загрижена за однесувањето на нејзиниот син.
 
„Имавме многу караници за неговото дување. Заедно со Мајкл правевме се што знаевме за да го спречиме, од карање до разговарање со него, но ништо не помагаше“ На возраст од 15 години, Метју имаше проблеми со спиењето. „Метју беше на лекар самостојно и јас сега знам од неговите медицински белешки дека тој признал дека пушел марихуана, бидејќи и неговите другари исто така пушеле и тој верувал дека тоа е „безопасно““, вели Мелани. Докторот го посоветува за можните ризици и го посоветува да престане со пушењето.
 
Но, Метју продолжи и кога наполни 17 години, го напушти училиштето и започна сопствен компјутерски бизнис. Тој се пресели во заедничката куќа во сопственост на мелани, но истовремено неговите симптоми значително се влошија. „Застрашувачки, тој почна да се жали дека имал чувство како нешто да лазело по неговото тело“, се сеќава Мелани. „јас направив истражување и му докажав на Метју дека тоа е последица од пушење канабис“, лекарите го нарекуваат тоа чувство на трнење и тоа е една од бројните можни халуцинации што канабисот може да ги предизвика“.
 

 

„Тоа стана толку хронично, што кон крајот на 2009 година тој беше упатен од страна на неговиот општ лекар кон тимот за рана интервенција против алкохол и дрога. Тие дојдоа и разговараа со него за ефектите на канабисот“. Мелани сега чувствува дека тие не направиле доволно и се кае што тие не го упатиле на советување и постручна помош, како што е рехабилитација.
 
Загриженоста на неговите родители се зголеми уште повеќе, кога во јануари 2011, Метју стана убеден дека во неговиот стомак живеат црви, кои излегуваат од неговата уста и нос и живеат во неговите уши – знак на параноја предизвикан од канабисот.
 
Тимот против дрога објасни дека тој е во заблуда и состојбата на неговиот ум толку многу се влошила, што тој повеќе не бил во состојба да ја работи својата компјутерска работа. „На крајот од мај, Метју беше во толку очајна болка поради измислените паразити, што го спречуваше нормално да спие“, вели Мелани. Неговиот лекар тврдеше дека Метју халуцинира поради неговиот проблем со дрогата и го упати на психијатар“. Сепак, тој продолжи со канабисот, а неговата параноја само се влоши.
 
Во јуни откако доживеа грозоморни психози верувајќи дека црвите го уништуваат, Метју беше примен во психијатриското одделение во болницата во Клактон, а потоа во Линден центарот, каде што остана во период од пет месеци.
 
На Метју му беа дадени лекови за да му се смири паранојата, но кога во ноември беше 2011 пуштен, семејството беше шокирано поради неговиот изглед. „Мојот син стана како зомби“, вели Мелани. „Тој се претвори од бистро зборлесто момче во некој со шупливи очи. Во ретроспектива, не чувствувам дека тој воопшто имал соодветна нега во болницата. Неговите проблеми беа само прикривани со лекови и тој беше во можност да продолжи да дува марихуана. Јас бев преплашена од мирисот на канабис, секој пат кога ќе појдев да го посетам.“
 
Јасно беше дека неговите проблеми беа далеку од разрешени, кога во април 2012, Метју – тогаш вратен во заедничката куќа – ја нападна Мелани, кога таа му забрани да одгледува канабис таму. „Тој велеше дека повеќе не може да се справува со халуцинациите и сака да се самоубие“, вели мајката. „Тој сметаше дека канабисот му помага да се справи со нив и воопшто не сакаше да слуша дека токму ова растение е причината за истите“. „Тој се закануваше дека ќе си ги пресече вените или дека ќе се обеси и бев толку вознемирена што викнав полиција за да го одведат во болница“. Во текот на наредните недели животот на Мелани се претвори во пекол.
 
„Еднаш Метју дојде дома со исекотини на неговото лице, што си ги направил со жилет. Тогаш се закани дека ќе се обеси. Не престанав да му зборувам дека го сакам и го молев да дозволи да му помогнеме. Друг пат, кога воопшто не му дадов пари, бидејќи знаев дека ќе ги потроши на канабис, тој ме закачи на ѕид. Не бев повредена, но тоа беше страшно. Се јавив на полиција и повторно го вратија во болница“.
 

 

Фрустрацијата на Мелани поради системот е очигледна. „И покрај сите овие испади, тој едноставно беше само враќан во болница од страна на полицијата, прегледан и повторно враќан дома“, вели таа.
 
Во мај 2012, Метју сега 20 годишен, замина да живее со неговиот татко. Но, во ноември 2012, за време на еден страшен психотичен испад во куќата на татко му во Брадвел, Есекс, тој ја демолираше својата соба со безбол палка. Мајкл вели: „Метју ми се закануваше дека ќе се убие со нож, па јас повикав полиција. Тој беше во таков бес, што не знаеше што прави.“ Тогаш тој беше примен во Линден центарот врз основа на став 3 од Законот за ментално здравје.
 
„Јас и Мелани бевме очајни“, објаснува Мајкл. „ На Метју му беше потребна стручна помош. Му беше неопходна соодветна грижа и иако тоа беше најтешката одлука во нашиот живот, верувавме дека болницата ќе го спаси. Бевме преплашени и сметавме дека доколку не го изолираме, тој ќе се убие. Докторите ни рекоа дека Метју ќе биде надгледуван за да не се самоубие, што малку не смири, бидејќи конечно почувствувавме дека нешто позитивно се случува. За нас беше исцрпувачки да го гледаме секое негово движење 24 часа на ден и знаевме дека на овој начин нема да има шанси да се самоубие“.
 
 Сепак, родителите тврдат дека Метју бил ставен под постојан надзор само првиот ден. Тврдат дека надзорот бил редуциран на надгледување секој час и тоа од страна на студентка – медицинска сестра. „Немаме поим како ова беше допуштено да се случи, тоа била одлука донесена од страна на медицинските сестри“, вели Мелани. „Да знаев дека тој нема да биде надгледуван 24 часа на ден, воопшто немаше да се согласам тој да биде во болницата. Горко жалам.“
 
Трагично, пет дена пред неговата смрт, Метју му се јави на својот татко, вознемирен, велејќи му дека во болницата го дрогираат и дека е многу очајно несреќен. „Ние се плашевме за него, но ни беше кажано да не доаѓаме да го посетуваме првите седум дена, за да има време да се адаптира“, вели мелани „Кога разговарале на одделението, персоналот негираше дека тој е толку потресен како што самиот сакал да ги увери, уверувајќи не` дека тоа е само актерска игра од негова страна.“
 
Обдукцијата откри четири или пет мистериозни траги од убоди на игла во препоните на Метју. „Тој беше преплашен од игли“, вели мајката. „Никој не ни објасни од што биле тие убоди, но сметаме дека се од дрогата со која бил лекуван и чувството дека последните денови доживувал терор, постојано ме прогонува“. Мелани била шокирана кога открила дека Метју не е единствената проблематична млада личност која умрела на истото одделение под раководство на истиот персонал.

 
 
Во 2001 година, Никола Дорои, 42 годишна, беше пронајдена обесена на завесата во својата соба во Линден Центарот, предизвикувајќи го персоналот да тврди дека процедурите ќе бидат променети. Една година подоцна, Стивен Кеј, 39, исчезна од неговата соба во истата болница и подоцна беше пронајден обесен на дрво. Потоа во 2008, Бен Морис, 20, се обеси со каиш во истиот институт.
 
Во мај 2012, извештајот на комисијата за квалитет заклучи дека Линден центарот не исполнува неколку круцијални стандарди, па оттука треба нешто да се преземе. Мелани вели: Бев шокирана од фактот дека слични проблеми поради недостаток на соодветна грижа и грешки во комуникацијата биле нагласени толку многу пати на истото одделение од страна на истиот персонал. „Доколку персоналот ги поправел своите грешки и ја подобрел негата на одделението, верувам дека Метју се уште ќе беше жив“ Таа тврди дека недостатокот на лекарска евиденција за последните денови на Метју значи дека таа никогаш нема да дознае што точно се случувало со нејзиниот син.
 
North Essex Partnership вели: „Она што му се случи на Метју е трагично и болката на семејството е разбирлива. Секој сака одговори. „Истражниот судија може да одржи судење кое ќе допринесе сите прашања и проблеми да бидат поставени. Ние ја прашавме Мелани и нејзиното семејство да разговара со нас за тоа, ние ќе ги одговориме сите нејзини прашања и дилеми искрено и чесно. Тоа е во интерес на сите“.
 
Речиси една година подоцна, семејството се уште чека на судскиот процес, но горко жалат што го однеле во таа болница. „Загубата на Метју кај нас создаде неопислива болка, вели Мелани. „Но, јас нема да се задоволам со слаби ветувања за иднината“. Останува да се дознае дали таа ќе ги добие бараните одговори и таа инсистира: „Знам дека смртта на Метју не е залудна“.
М.Р.Тој почна да има халуцинации и стана неверојатно параноичен. Непредвидливото однесување на Метју се претвори во насилно и тој почна да зборува за с

Пронајдете не на следниве мрежи: