четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рангелова не издржа и си поднесе оставка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката на Рангелова доаѓа по вчерашната оставка на координаторот на пратеничката група на партијата, Драган Данев, но и по низата исклучувања и оставки во ВМРО-ДПМНЕ.
Рангелова во објавата на нејзината оставка пишува дека не може да биде дел од раководство кое што ја однело партијата во изолација.
“И покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, да останам да ја водам УЖ до крајот на мојот мандат, јас донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ – напиша Рангелова на Фејсбук објавувајќи ја оставката.

Поврзани вести