Ве мачат подочниците, непослушната коса, а мора да излезете од дома за некоја минута…
Навистина е тешко секогаш да бидеме расположени и да се дотеруваме за на работа уште рано наутро. Па сепак, не можеме да одиме несредени. Постојат неколку типични бјути проблеми што ги имаат сите вработени жени, но за секој од нив постои и соодветно решение…
1. Користете прајмер
Вашата шминка има најголеми шанси да го преживее работниот ден, ако го внесете прајмерот во вашата мејкап рутина. На тој начин ќе ја подготвите кожата за шминка. Пред да нанесете прајмер, треба да го намачкате лицето со хидратантен крем. Овој чекор никако не би требало да го прескокнувате, особено за време на студените денови, кога на кожата ѝ треба дополнителна нега.

2. Носете компактна пудра со себе
По некое време додека сте на работа, вашето лице ќе почне да сјае. Затоа, многу е важно наутро да ја фиксирате вашата шминка со компактна пудра, но и да ја носите со себе во вашата чанта за да можете секогаш да ја поправите шминката и да изгледате свежо.
3. Шампон за суво миење
Ако утрово имате еден од оние денови кога косата е непослушна и хаотична, сè што ви треба е малку шампон за суво миење за да ѝ дадете волумен на косата.



