3 бјути-грешки што Французинките никогаш не ги прават

Французинките се синоним на совршениот изглед и никогаш не си дозволуваат да згрешатЗа да изгледате секогаш убаво и дотерано, обрнете внимание на следниве бјути-грешки…
1. Французинките никогаш не грешат при изборот на течна пудра
Тие секогаш одбираат лесни, прозрачни пудри кои многу полесно се прилагодуваат на бојата на нивниот тен, па затоа секогаш изгледаат многу природно.

2. Тие не го контурираат своето лице
Тие едноставно не ги сакаат силните контури. Доволно им е да нанесат малку бронзер под јаболчниците, додека на највисоката точка на лицето нанесуваат малку хранливо масло наместо хајлајтер.
3. Никогаш не спијат со шминка
Французинките многу вложуваат во негата на кожата, па затоа никогаш не одат на спиење пред да ја извадат шминката и детално да го исчистат лицето. Нивниот заштитен знак е чистата кожа и никогаш не би направиле нешто што би можело да ѝ наштети.

Пронајдете не на следниве мрежи: