Десетина муслимани синоќа се собраа во северниот дел на Франција за да штитат црква за време на божиќна миса и тоа како знак за поддршка и почитување на другите религии.Од Федерацијата на муслиманските здруженија во Франција, изјавија дека сосема е нормално муслиманите да ги почитуваат другите религии и дека овој симболичен чин претставува и знак за поддршка на француските граѓани по терористичките напади во Париз.
Претседателот на ова здружение, Абделкадер Усеџ, изјави дека оваа иницијатива којашто е организирана во градот Ленс, ќе трае неколку дена.
„Сакавме да покажеме што е вистинскиот ислам. Тоа нема врска со оние лудаци.“ – рекол Усеџ, алудирајќи на сите поддржувачи на идеологијата на Исламската држава.
Оваа акција ја поддржале и верниците коишто во тој момент се наоѓале во црквата, а по одржана миса свештеникот на насобраните муслимани им ја предаде „светлината на Витлеем“, којашто претставува симбол на мирот.Од Федерацијата на муслиманските здруженија во Франција, изјавија дека сосема е нормално муслиманите да ги почитуваат другите религии и дека овој с



