Поголема истрага е покрената, откако по воздушните напади на коалициските сили предводени од САД за целите на Исламска држава (ИС) загинаа девет ирачки војници од редовната армија.Поголема истрага е покрената, откако по воздушните напади на коалициските сили предводени од САД за целите на Исламска држава (ИС) загинаа девет ирачки војници од редовната армија.
Ирачките сили по грешка се најдоа на мета на напади на воздушната коалиција за време на судирите со борците, во петок јужно од Фалуџа, а потоа загинаа девет ирачки војници, објавија новинските агенции.
Американската централна команда изјави дека можно е во еден од нивните напади да загинале десет ирачки војници, истакнувајќи дека коалицијата е “целосно посветена на обезбедување сигурност за нашите ирачки партнери, додека истовремено продолжуваат активностите насочени кон уништување на заедничкиот непријател”, пишува Јутарњи лист.
Американската армија по смртта на ирачките војници во пријателски оган исто така започна истрага.
„Министерството формираше комисија за истрага со цел да се идентификуваат причините за коалиционите авионикои ги бомбардираа ирачките воени единици далеку од Фалуџа, во западниот дел на Ирак“, изјави ирачкиот министер за одбрана Калед ал-Обеиди.
Во последните неколку недели, Ирак со поддршка на воздушната коалиција ги засили воените акции за да се потисне регионот каде сунитската џихадистичка група ја заплени во западната провинција Анбар.Поголема истрага е покрената, откако по воздушните напади на коалициските сили предводени од САД за целите на Исламска држава (ИС) загинаа девет ир



