Путин отвора руска телевизија во Србија. Кустурица ќе биде директор?!

Русија започнува своевидна војна за власт и влијание на Балканот, а првиот потег ќе биде отворање на телевизија која ќе го покрива целиот регион, пренесоа српските медиуми.Станува збор за инвестиција вредна дури 11 милиони евра, а најсериозен кандидат за директор на телевизијата ќе биде славниот српски режисер Емир Кустурица.
Замислено е телевизијата да биде од регионален карактер, нешто како Раша Тудеј. Таа ќе претставува пандан на платформата Ен1, која е партнер на американскиот Си-Ен-Ен на овие простори. Програмата би била од информативен и културно-образовен карактер.
„Раша Тудеј ги урива стереотипите за добрите и лошите момци, за тоа каде црнците, Русите и Србите се лошите, а белите Американци без маани. Како што ќе минува времето, таа телевизија сѐ повеќе ќе го разоткрива параванот на американскиот сон и ќе прати сигнал дека светот не е определен само со фатализмот на либералниот капитализам“ – своевремено изјавил Емир Кустурица за оваа телевизија.
Според информациите, побарани се дозволи од Министерството за култура и информации, а во тек е регистрација во Агенцијата за бизнис регистри и веќе двајца новинари добиле акредитација за работа.
Центарот во Белград ќе вработи 30 луѓе, а менаџер ќе биде Љубинка Милинчиќ, искусен новинар со долга традиција во Москва.Станува збор за инвестиција вредна дури 11 милиони евра, а најсериозен кандидат за директор на телевизијата ќе биде славниот српски режисер Емир Ку

Пронајдете не на следниве мрежи: