На жените им недостига по три часа сон во една ноќ или 1.095 годишно

На жената во една ноќ, просечно ѝ недостасуваат три часа спиење, што е еднакво на 1.095 часа годишно, објави „Мирор“.
Во испитувањето учествувале 2.000 двојки.
Најчеста причина за тоа се мажите кои ’рчат, но и станувањето по бебињата и ноќите „во оние денови“. Една третина од анкетираните жени изјавиле дека се будат секоја ноќ. Две третини пак, велат дека се редовно ненаспани.


Недоволно спиење ја истоштува жената, па затоа таа се чувствува несигурно, полошо се справува со секојдневните задачи, редовно го занемарува здравото хранење, што води кон дебелеење, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес… Една третина од жените, поради исцрпеност се депресивни, а 73 отсто велат дека умствените функции им се полоши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.