
Бојан стоеше 30 мин за чичко Јован да се потпира на него дур стигне Брзата помош. Во целата мешаница, чичко Јован не му го земал бројот, и Вие сите помогнавте да ги споиме.
Бојан Трајковски на нас неколку што те запознавме вчера ни ги стопли душичките, чичко Јован многу ќе ти се израдува ?
До медиумите: Очекувам ова да биде вест за да покажеме како треба и како не треба, веќе толку сме оттуѓени, се однесуваме како да сме сами на светов. Имаше еден коментар дека ова не треба да биде исклучок туку правило, но за жал, дур не стане правило, јас би сакала Бојан да биде идолот на младите и се до тогаш, би сакала да добие медиумски простор“, стои на Фејсбук статусот.



