Предвремени парламентарни избори во Србија
Денес се одржуваат предвремени парламентарни избори во Србија. Над 6,76 милиони граѓани на Србија со право на глас денеска на предвремени избори ќе гласаат за составот на новото српско Народно собрание. Предвремените парламентарни избори во Србија се одржуваат по барање на првиот вицепремиер и лидер на владејачката десничарска Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, кој се очекува да биде голем победник на утрешното гласање.
Анкетите покажуваат дека Вучиќ е во голема предност и се очекува да извојува убедлива победа на изборите. Дали коалицијата предводена од СНС ќе обезбеди апсолутно мнозинство во Парламентот или ќе и недостасуваат неколку пратеници за тоа, останува непознато.
На изборите учествуват 19 листи на пратии, коалиции и независни кандидати, од кои седум се на партии на припаниците на националните малцинства за кои не важи правилото за надминување на избориот цензус од пет проценти за освојување пратенички места.
Првите неофицијални резултати се очекуваат денеска пред полноќ.Денес се одржуваат предвремени парламентарни избори во Србија. Над 6,76 милиони граѓани на Србија со право на глас денеска на предвремени избо