Исчезнатиот малезиски авион бил киднапиран?

Резултатите од истрагата околу исчезнувањето на малезискиот авион укажуваат дека е можно леталото да било киднапирано од страна на некој од пилотите или од друго лице, соопшти денеска претставник на Владата на Малезија, кој побарал анонимност.Според него, засега не се познати причините за евентуалното киднапирање на авионот од типот „Боинг 777“, како ни тоа каде сега се наоѓа леталото.- Киднапирањето на авионот повеќе не е теорија, туку се потврдува и со резултатите од истрагата, нагласи тој.Истиот извор потенцира, дека овие резултати укажуваат оти комуникацијата на авионот со контролата на летање била намерно прекината, по што леталото било насочено кон реони во кои е недостапен за радарите.

Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот исчезна минатата сабота, на 8 март, помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур кон Пекинг.Според податоците на контролите на летање, авионот кој се движел во правец кон североисток, уште над териотријата на Малезија свртел кон запад, по што исчезнал од радарите.Според него, засега не се познати причините за евентуалното киднапирање на авионот од типот „Боинг 777“, како ни тоа каде сега се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: