Почина 10- годишно дете на голем одмор!

Вчера почина 10- годишно дете за време на голем одморВчера за време големиот одмор десетгодишно момче почина на игралиштето на основното училиште “Кирил и Методиј“ во Белград, откако околу 16 часот паднало во несвест.
Цел час брзата помош се обидувала да го врати во живот, но за жал не успеала. Дежурниот лекар изјави за српските медиуми дека момчето веднаш е примено на одделот за интензивна нега, каде е констатирано дека нема знаици на живот, а причините за прерано загаснатиот детски живот ќе ги утврди обдукцијата.
Пред неговата куќата во се собрале поголем број соседи и роднини, кои рекле дека таткото на детето работи во Италија.
-Сите не изненади трагедијата. Беше весело дете, секогаш во движење и подготвен за игра. И сега ја гледам неговата насмевка и како ме поздравува на улица, Неговата мајка и баба се во шок. Слушнав дека кога дошле да им кажат што се случило, само бабата била дома, а мајката го водела девојчето на пливање. Сестрата се уште не знае што е со братот, раскажува соседот, и додава дека треба да пристигне таткото на детето од Италија и на него му е кажано дека синот е во кома.Вчера за време големиот одмор десетгодишно момче почина на игралиштето на основното училиште “Кирил и Методиј“ во Белград, откако околу

Пронајдете не на следниве мрежи: