Пандемијата со коронавирусот нè седна во нашите домови. Пролетта и летото поминаа без значајни допири од нашите најблиски. Постепено почнавме да го забораваме мирисот на облеката на нашите пријатели, косата на нашите најблиски, но, повеќе од сè, почна да ни недостига втемеленоста што може да ја донесе нечија блискост.
Потребата од допир постои над хоризонтот на нашата свест. Пред раѓање, кога амнионската течност во матката се врти околу нас и феталниот нервен систем може да го разликува нашето сопствено тело од мајчиното, целиот наш концепт за себе е вкоренет во допирот.
„Човечкото тело се заснова на допир“, вели д-р Катерина Фотопулу, професор по психодинамичка невронаука на Универзитетскиот колеџ во Лондон.unsplash
„Ние целосно се потпираме на допирот за да ги задоволиме основните потреби на организмот. Малку може да се направи без допир“, вели таа.
Многумина од нас, можеби не ја разбиравме важноста на допирот порано, но ковид-19 несомнено нè потсети какво е чувството кога ќе исчезне блискоста.„Можеби ќе почнеме да сфаќаме дека нешто недостасува, но нема секогаш да знаеме дека тоа е допир“, вели проф. Френсис МекГлоун, невролог на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул и лидер во областа на афективниот допир.
Допирот има огромно влијание врз нашата психолошка и физичка благосостојба, вели проф. Робин Данбар, еволутивен психолог на Универзитетот во Оксфорд.unsplash
Тој вели дека со блиските пријатели и семејството сме делеле многу повеќе допири, но не сме биле свесни. Како што продолжува пандемијата, многумина од нас ќе мора да се обидат да се справат со длабокиот стрес без удобноста на допирот.
Сите ние имаме различни потреби и граници. МекГлоун вели дека иако „не секој страда од недостаток на допир“, но, целосното отсуство на допир негативно се одразува на нашето ментално здравје.„Допирот е модулатор кој може да ги смири ефектите на стресот и болката, физички и емоционално. Во нашето истражување видовме дека недостатокот на допир е поврзан со поголема анксиозност“, вели
Во време кога степенот на стресот е на огромно ниво, губење на работа, губење на блиски личности – контактот со луѓе ни помага да се справиме подобро, полесно да пребродиме турбулентни периоди, а особено помага во смирување на ефектите од кортизол (хормонот на стрес).
„Многу студии ја поддржуваат теоријата дека допирот му дава на мозокот сигнал дека може да ги пренесе своите ресурси за справување затоа што некој друг е покрај нас… Ова го релаксира телото“
Но, допирот не е единственото чувство. Кожата содржи влакненца кои препознаваат температура, текстура итн. Кои пренесуваат бавни електрични сигнали до деловите за емоционална обработка во мозокот. Тие играат клучна улога во развојот на социјалниот мозок и нашата способност да го издржиме стресот.
Такви делови од телото често се деловите кои не можеме сами да си ги допреме, како што се рамената и грбот.
„Стимулацијата на овие неврони ослободува окситоцин и допамин и има директно влијание врз нивото на кортизол, кое го регулира нашето расположение“, вели МекГлоун.
Во 2017 година, тимот на Фотопулу објави студија која покажа дека дури и допирот од странец може да го намали чувството на социјална ексклузија. Но, тоа се само моменти.
о овие времиња кога сме лишени од допир не постои вистинска замена за она што го добиваме од другите луѓе, но постојат начини да се смириме.
Наскоро треба да се објави студија спорведена за време на пандемијата, која се базира на теоријата дека, на ист начин како што мислиме дека можеме да ја почувствуваме болката на другите, може да го доживееме и допирот.
Истражувачите откриле дека гледањето допир, на пример на телевизија или во филмови, особено социјален, афективен или допир на миленичиња – може да ни даде некои придовики од чувството на допир.
Мозокот кодира мултисензорни искуства на повеќе начини. Луѓето се способни да ја „почувствуваат“ болката на другиот само со „гледање“, но, допирот е нешто сосема друго.
„Гладта за допир“ е сигнал дека не се исполнува примитивната потреба. Но, еволуцијата е на наша страна. Ние еволуираме да се прилагодиме.