Потребни состојки:
400 г јаболка
250 мл белки(8 јајца)
200 г шеќер
50 г мелени бадеми
2 лажички вински оцет
2 лажички нишесте
1 лажичка екстракт од ванила
Цимет и шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Нарендајте јаболка и исцедете го остатокот од водата. Исцедените јаболка распоредете ги на плех за печење. Наросете со цимет и шеќер во прав. Втиснете ги за да се испечат убаво.
Во чист сад изматете ги белките и постепено додавајте 200 грама шеќер. Внимателно додајте оцет, ништесте, екстракт од ванила и мелени бадеми.
Добиената смеса ставете ја врз јаболката и наросете со сечкани бадеми. Печете 10-12 минути на 200 степени. Потоа, ставете хартија за печење на топлиот ролат, а врз него решетка. Внимателно и брзо свртете на друга страна. Додека јаболката се топли замотајте го колачот во ролат и оставете да се излади.
Тргнете ја хартијата и наросете со шеќер во прав пред послужување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.