Вистинска ВИТАМИНСКА бомба: За само две недели ја подобрува крвната слика!

Доколку имате проблем со имунитетот, оваа витаминска бомба е вистинското решение за вас.
Секако, секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар за препаратите што имате намера да ги користите, дури и кога станува збор за природни лекови.
Оваа витаминска бомба се користи за зајакнување на имунитетот и подобрување на крвната слика околу две недели.

Состојки:
200 мл мед
200 гр ореви
200 гр суво грозје
200 мл сок од морков
200 мл сок од цвекло
2 лимони
Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Сомелете ги со кората (ако се прскани – извадете ја кората) и ставете во стаклена тегла од литар. Во смесата од мелен лимон додајте мед, сок од цедено цвекло и сок од исцеден морков и промешајте.
Потоа во смесата додајте ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје. Повторно промешајте сè и ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава мешавина од лекови. Чувајте го во стаклена тегла во фрижидер. Земете една кафена лажичка три пати на ден пред јадење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.