Русија објави список на „непријателски земји“, Северна Македонија е дел од него

Руската Влада денес објави список на земји кои „вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани“. „Непријателските акции“ вклучуваат економски санкции воведени поради руско-украинската војна.

Според декретот објавен на веб-страницата на Владата, на списокот се Албанија, Андора, Австралија, Велика Британија, вклучувајќи ги Ангвила, Британските Девствени Острови, Гибралтар, земјите членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Северна Македонија, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

Владата на Руската Федерација им овозможи на руските граѓани и компании, како и на државите, регионите и општините кои имаат обврски во странска валута, да ги вратат во рубљи своите долгови кон доверителите од земјите на списокот на непријателски земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: