Медитеранско предјадење: Крокети од риба

Медитеранско предјадење: Крокети од риба

Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здравјето на срцето. Риби кои се богати со омега-3 масни киселини се: лосос, туна, харинга.
Децата кои јадат риба барем еднаш неделно спијат подобро и на тестот за интелигенција добиваат во просек четири поени повеќе во однос на децата кои не јадат риба или јадат само понекогаш, покажува ново истражување на научници од Универзитетот во Пенсилванија.
Рибата треба да биде на вашето мени барем два пати во неделата, ако не како главен оброк, тогаш како предјадење. За овој рецепт за крокети од риба може да употребите сом, лосос, ослиќ или друга голема риба од која лесно може да го издвоите месото.
Потребни состојки:
500 грама исчистено рибино месо
2 чешниња лук
2 лажици сечкан магдонос
1 јајце
300 гр компир
1 лажица соја сос
Свеж мелен ѓумбир по вкус
1 лимон
Маслиново масло, сол
Презла
Подготовка
Компирот излупете го, исечете го на коцки и сварете го во солена вода. Потоа исцедете ја водата и испасирајте го. Месото од риба обарете го во солена вода, исечено на коцки. Потоа исцедете го и сомелете го во машина за мелење месо.
Во длабок сад измешајте ги пирето од компир и мелената риба, истолчениот лук, магдоност, ѓумбирот, соја сосот и јајцето.
Додадете зачини по вкус и постепено почнете да додавате презла додека не добиете смеса погодна за обликување крокети. Од смесата обликувајте крокети со големина на орев, извалкајте ги во презла и пржете ги во длабок сад додека не заруменат. Послужете ги попрскани со сок од лимон и сос по ваша желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.