Во соопштението се наведува дека тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Потврдено е и дека напаѓачот е во полиција.

Њујоршката полиција соопшти дека авторот Салман Ружди се здобил со „убодна рана во вратот“.
Во соопштението се наведува дека тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Потврдено е и дека напаѓачот е во полиција.
Во соопштението се вели: „На 12.08.2022 година, околу 11 часот, пријавениот истрчал на бината и ги нападнал Рожди и интервјуерот. Ружди се здоби со очигледна убодна рана во вратот и со хеликоптер беше пренесен во локална болница. Неговата состојба се уште не е позната. Интервјуерот добил полесна повреда на главата“.
Да потсетиме, Ружди, кој доби смртни закани за својата книга „Сатански стихови“, денеска беше нападнат за време на предавање во Њујорк, а на социјалните мрежи се појавија првите видеа од нападот врз него.
На видеото се гледа како Ружди лежи на бината, а луѓето трчаат да му помогнат. Се уште не се знае во каква состојба е Ружди, а човекот кој го нападна е приведен.


