Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер верува дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, изјави тој за Волстрит журнал. Тој истакна дека самите САД ги создале причините за таквата ситуација.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања кои делумно ги создадовме без никаква идеја за тоа како ќе заврши или каде треба да доведе“, рече Кисинџер.
Претходно Кисинџер изјави дека постојаните конфронтации меѓу Вашингтон и Пекинг нема да им помогнат на САД да ја спречат кинеската хегемонија и да ги нормализираат односите. Тој смета дека американскиот претседател Џо Бајден треба да се погрижи домашната политика да не се меша во „важноста да се разбере отпорноста на Кина“.
Кисинџер претходно истакна дека на САД и на светот во целина сега им се потребни повеќе истакнати политички лидери и изрази загриженост дека таквите лидери „нема да се појават навреме“.


