МЕГАН МАРКЛ СЕ СКРШИ, ПА ПЛАЧЕШЕ ПРЕД ЦЕЛИОТ СВЕТ: Сите погледи вперени во неа!

Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, денеска беше обземена од емоции за време на погребната служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија.

МЕГАН МАРКЛ СЕ СКРШИ, ПА ПЛАЧЕШЕ ПРЕД ЦЕЛИОТ СВЕТ: Сите погледи вперени во неа!

Таа се расплака за време на богослужбата која ја следат милиони луѓе ширум светот, а фотографите ја фотографираа како ги брише солзите.

Освен тоа, Меган длабоко воздивнала кога поминала покрај ковчегот со починатата кралица, на која и се поклонила на службата на кралот, пренесува Mirror.

Со оглед на тоа што Меган Маркл е под лупата на светската јавност, особено по смртта на кралицата Елизабета, а секој нејзин чекор или гест се толкува како глумење, веројатно и овие нејзини солзи ќе наидат на лавина реакции.

Војвотката од Сасекс пристигна во Вестминстерската опатија со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.

Меган пристигна во црн фустан и црни потпетици, со кои комбинираше капа во иста боја. „Мирор“ пишува дека таа одела неколку чекори зад Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, кон Вестминстерската опатија, што многумина го протолкуваа како јасно нејзиното место во кралското семејство.

Имено, со оглед на линијата на наследување по смртта на кралицата Елизабета, принцот Чарлс е петти во редот на тронот (по неговиот брат Вилијам и неговите три деца – принцот Џорџ, принцезата Шалот и принцот Луис), а протоколот не чуди според кој Меган Маркл стои во низа зад Кејт Мидлтон и на државниот погреб на кралицата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.