Украина: Соборивме 13 дронови камикази над Миколаев

Шефот на регионалната воена администрација Николаев, Виталиј Ким, објави дека украинските сили денеска собориле 13 беспилотни летала камикази над Николаев.

Украина: Соборивме 13 дронови камикази над Миколаев

„Ноќта меѓу 18 и 19 октомври, непријателот двапати ја нападна областа Миколаев со беспилотни летала камикази Шахед-136. 13 од нив беа соборени на територијата на регионот“, напиша Ким во објавата на социјалната мрежа Телеграм.

Украина: Соборивме 13 дронови камикази над Миколаев

Тој додава дека украинските сили собориле 11 беспилотни летала со средства за противвоздушна одбрана на Воздухопловната команда „Југ“, а преостанатите два биле соборени од војници на Националната гарда и Државната гранична служба на Украина.

Во публикацијата Ким напиша и дека утрото руските сили ја гранатирале околината на општина Широков и дека во тој напад нема повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи: