Пилешко со тестенини: Прсти да излижете!

Пилешко со тестенини е едно од италијанските јадења кое служи за пример дека едноставните јадења честопати се највкусни. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за пилешко со тестенини.

Потребни состојки:
4 пилешки гради
½ чаша брашно
1 лимон
масло за пржење
кора од 1 лимон
сол и црн пипер
тестенини по желба
Потребни состојки за сос:
6 лажици путер
1 лажица брашно
2,5 дицилитри пилешка супа
сок од лимон
1 дицилитар бело вино
капар
магдонос

Пилешко со тестенини: Прсти да излижете!

Начин на подготовка:

Исечете ги пилешките гради на половина. Загрејте ја водата со тестенини и ставете ги да се варат кога ќе зоврие.

Измешајте брашно, кора од лимон, сол и бибер и секое парче месо ставете го во смесата.

Пржете го месото околу 5 минути од секоја страна.

Во истата тава каде што го пржевте месото додадете путер и брашно и мешајте околу две минути. Постепено мешајте го густинот додека мешате со лажица за матење, а потоа додадете ги виното, сокот од лимон и капарот. Мешајте околу три минути, а потоа вратете го пилешкото во тавата и оставете го три минути.

Послужете го пилешкото и сосот со тестенините и посипете со магдонос. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.