Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, соговорниците разговарале за состојбите и предизвиците во областа на енергетиката, предизвикани од војната во Украина, како и за справување со последиците врз економиите на државите, при што оцениле дека и покрај добрата економска соработка, двете држави треба да ја интензивираат и соработката на енергетски план, согласно движењата на политиките во светски и европски рамки.
Претседателот Пендаровски изразил очекување за финализирање на меморандумот за соработка во областа на енергетиката помеѓу двете држави, што ќе придонесе за зголемување на соработката, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата.
Претседателот Пендаровски упатил благодарност за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција.