Богат гулаш со говедско месо и печурки, одличен ручек за целото семејство.
Состојки:
- 500 гр говедско месо од бифтек
- малку сончогледово масло
- 1 главица црвен кромид
- 1 морков
- 1 чешне лук
- 15 гр сланина
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка вегета
- 1/3 лажичка бибер
- 1/2 лажичка мелена црвена слатка пиперка
- 1/4 лажичка сува мајчина душица
- 1 ловоров лист
- 1/2 коцка за супа од говедско месо
- 1 лажичка путер
- 100 гр печурки
- 1 лажичка доматен концентрат
- 2 лажици сечкан магдонос
- 500 мл вода
Подготовка:
На загреано масло пропржете ја сланината исечкана на коцки. Кога ќе порумени, извадете ја во чинија.
Говедскиот бифтек исечете го на коцки или ленти, посолете го и пропржете го на маснотијата од сланината. Кога месото ќе порумени, извадете го во чинијата со сланината.
Во истата маснотија пржете го исечканиот кромид и морковот исечкан на коцки. Додадете го сечканиот лук, па додадете ја мелената црвена пиперка. Промешајте кратко.
Додадете вода, телешката коцка за супа, ловоровиот лист, вегета и сушена мајчина душица. Вратете го месото со сланината, покријте го и варете час и половина.
Растопете го путерот и пропржете ги печурките. Кога печурките ќе заруменат, ставете ги во садот со месото. Додадете доматен концентрат измешан со малку вода, покријте и варете уште 1 час.
Кон крајот измешајте го брашното со малку вода и измешајте го во кулашот. Додадете бибер и сечкан магдонос и варете неколку минути.
Послужете го гулашот со варени тестенини, ориз, варен компир или пире од компир.