Подготовката на ледените коцки не бара некое големо предзнаење, но потребно е малку повеќе време.
Сепак, кога ќе ги пробате и ќе почнат да ви се топат во уста, ќе сфатите дека секоја минута од времето е добро потрошена.
Еве што ви е потребно за 7 + 7 + 7 ледени коцки:
За кората:
- 7 јајца;
- 7 лажици брашно;
- 7 лажици шеќер;
- 3 лажици какао;
- 1 кесичка прашок за печиво;
- малку цимет.
За преливот:
- 250 гр. шеќер;
- 500 мл. вода.
За филот:
- 1 ванилин шеќер;
- 1 литар млеко;
- 10 лажици брашно;
- 10 лажици шеќер;
- 250 гр. маргарин или путер;
- 150 гр. шеќер во прав.
За глазура:
- 200 гр чоколадо;
- 10 лажици масло.
Подготовка:
Кора
Јајцата и шеќерот се матат со миксер додека не станат пенасти, па постепено се додаваат брашното, какаото и прашокот за печиво. Потоа со лесни движења сè убаво соединете со жица и истурете во плех обложен со хартија за печење. Температурата на рерната треба да биде околу 200 степени, а кората е готова за околу половина час.
Прелив
Измешајте ги шеќерот и водата и оставете да зовријат. Топлата смеса прелијте ја врз ладната кора.
Фил
Од 1 литар млеко одвојте 200 мл. и во него измешајте брашно, ванилин шеќер и шеќер. Оставете ги преостанатите 800 мл. млеко да се варат. Тргнете го млекото од оган и постепено додавајте ја смесата со брашно и варете на тивок оган со постојано мешање. Оставете да се излади. Посебно се матат маргаринот и шеќерот во прав и се соединуваат со изладениот фил. Добро измешајте и прелијте ја кората.
Покријте со масло и чоколадна глазура. Тортата ставете ја во фрижидер да се излади.
На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.