Во текот на зимата, односно во сезоната на вируси, грипот и настинките потребно е повеќе вниамние да му посветиме на имуниот систем, а во тоа ни помага исхраната.
Оваа чорба е богата со зеленчук и е вистински рецепт за здраво јадење без месо кое ќе ве освежи.
Состојки:
- 2 лажици маслиново масло;
- 1 кромид, исечкан;
- 4 големи чешниња лук, исечкани;
- 1 лажица ѓумбир;
- 1 лажица цимет;
- 1 лажица куркума;
- 1 лажица ким;
- 1 литар вода;
- 1 килограм компир исечкан на коцки;
- 800 грама домат исечкан на коцки;
- 1 лименка леблебии;
- 1 главица кељ;
- 1 лажица сол;
- ½ ќесичка мелен бибер;
- јогурт по желба;
- свеж магдонос.
Подготовка:
1.Во големо тенџере загрејте го маслиновото масло, додадете го кромидот, лукот и ѓумбирот и пржете додека зачинот не пушти мирис. Додадете го циметот, куркумата, кимот и мешајте уште неколку минути.
2.Ставете ја водата и додадете го компирот, доматот и леблебиите. Варете уште 15 минути додека зеленчукот не омекне. Зачинете со сол и бибер, па додадете го кељот. Варете уште пет минути, па супата послужете ја топла, со магдонос.
Пријатно јадење!