Домаќинките знаат колку може да биде заморно да планираат и подготвуваат три или повеќе оброци секој ден.
Понекогаш се чини дека навистина веќе не знаеме што да готвиме или месиме, а потоа се појавува рецепт кој нè воодушевува и ни ја враќа волјата за нови кулинарски деликатеси.
Еден таков рецепт е пред вас и сигурно ќе ви се допадне, со оглед на тоа што лесно се подготвува, брзо се пече и што е најважно, не дебелее.
Овие лепчиња се совршени сами по себе, со сирење и јогурт или слатки со крем или џем.
Состојки:
- 500 гр. брашно;
- 1 јајце;
- 250 мл. топла вода;
- 5 гр. сув квасец;
- 1 лажичка сол;
- 1 лажичка шеќер.
За премачкување:
- 1 жолчка од јајце;
- 100 мл јогурт;
- малку сол;
- 1 лажица масло.
Подготовка:
Се мешаат брашното, јајцето, водата, квасецот, солта и шеќерот и се меси меко тесто. Оставете го покриено околу половина час на топло место за убаво да нарасне и да се удвои.
Потоа набрашнете ја работната површина и поделете го тестото на еднакви топчиња. Секое од нив расукајте го, па ставете го во плех обложен со хартија.
Измешајте ги жолчките, јогуртот, маслото и солта. Со смесата премачкајте ги лепчињата. Одозгора изрендајте сирење, па оставете да отстои околу 10 минути. Загрејте ја рерната на 220 C.
Печете 5 минути на 220 степени, па уште 4 минути на 180 степени. Послужете топли лепчиња, со павлака, јогурт, салата.