Знаете ли што се случува со нашето тело доколку еднаш неделно јадеме брза храна?

Урамнотежена исхрана е клуч за здрав организам, меѓутоа, многумина се прашуваат дали понекогаш смеат да се почестат со вкусна брза храна.

Кога станува збор за вашата прехрана, поголем дел од докторите се согласни дека треба да јадете храна која е урамнотежена со сложени јаглехидрати, здрави масти, немасни белковини, растителни влакна и витамини и минерали.
На вашата чинија тоа значи многу свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, мешунки, житарици, немасно месо, риба и млечни производи.

Знаете ли што се случува со нашето тело доколку еднаш неделно јадеме брза храна?

Меѓутоа, што доколку се почестите со брза храна, само еднаш неделно?
Експертите велат дека не се важни само состојките во храната туку и начинот на кој таа е подготвена. Многу обработените јадења кои се наоѓаат во рестораните за брза храна познати се по тоа што содржат вишок натриум, шеќери,заситени масти и адитиви, а сите тие можат со текот на времето да му наштетат на вашето здравје.

Всушност, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), забележува дека претераната консумација на брза храна поврзана е со висок крвен притисок, дијабетес тип 2, болести на срцето и други сериозни здравствени ризици.
Без оглед на тоа, еден од тројца Американци јадат брза храна секој ден, според истражувањата кои се спроведени во здравствените установи.
Очигледно дека јадењето на брза храна еднаш неделно носи помалку ризик, но тоа не значи дека нема никакви последици на вашето тело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.