Честопати ги одложуваме диетите затоа што немаме доволно сила и решителност да истраеме во нив кога гладот ќе почне да не исцрпува. Затоа е важно да се изберат оние кои не се премногу радикални. Јапонската диета со банани е популарна токму поради тоа што нема изгладнување.
Важно е појадокот секогаш да се состои од банани со млака вода, бидејќи на тој начин се забрзува метаболизмот. Јадете една или две банани за појадок секое утро, а ручекот и вечерата се разновидни.
- (Видео) Eксплозија во летната градина на кафуле во Москва: Tри лица загинаа, 15 се повредениТрojцa загинаа, а 15 се повредени во експлозија што се… Read more: (Видео) Eксплозија во летната градина на кафуле во Москва: Tри лица загинаа, 15 се повредени
- ФОТО | Полицијата експресно ги уапси пиштолџиите што се веселеа во Гостиварскофотографии од МВР Шест лица се приведени, едно е повикано… Read more: ФОТО | Полицијата експресно ги уапси пиштолџиите што се веселеа во Гостиварско
- Тешка несреќа, претседателката на Словенија е повредена: Се враќала од одмор во Хрватска, судирот се случил во тунелВо петок, на 31 јули 2026 година, претседателката на Словенија, Наташа… Read more: Тешка несреќа, претседателката на Словенија е повредена: Се враќала од одмор во Хрватска, судирот се случил во тунел
- Фит салата на Џулија Робертс го топи салото околу половината: Лесна, евтина и брза за подготовкаСалатата, која со години е нејзина омилена, зазема посебно место… Read more: Фит салата на Џулија Робертс го топи салото околу половината: Лесна, евтина и брза за подготовка
- Пукна гума на авион во Сплит, аеродромот отворен по двочасовен прекинАеродромот во Сплит повторно е отворен за сообраќај откако повеќе… Read more: Пукна гума на авион во Сплит, аеродромот отворен по двочасовен прекин
Мени за јапонската диета со банана:
Прв ден
Ручек: Супа со зеленчук, салата од зелка.
Вечера: 100 грама бело пилешко месо, салата по желба.
Втор ден
Ручек: Спанаќ со ориз, салата.
Вечера: 100 грама риба, парче интегрален леб, салата.
Трет ден
Ручек: 50 грама тестенини со сос од домати, салата од свежо цвекло.
Вечера: 70гр говедско месо на скара, парче интегрален леб, салата
Четврти ден
Ручек: Динстан зеленчук, салата од домати.
Вечера: Пилешки батак без кожа, салата по избор.
Петти ден
Ручек: Рибја чорба и салата по избор.
Вечера: 100 грама мисиркино месо и зелена салата.
Шести ден
Ручек: Чорба од зеленчук, салата од свежи краставици.
Вечера: Салата, пилешко или мисиркино месо на скара.
Седми ден
Ручек: Динстани печурки со ориз.
Вечера: Зеленчук на скара и салата од домати.
Иако диетата не е ригорозна, се препорачува да разговарате со вашиот лекар пред да почнете да ја применувате. Секоја ненадејна редукција на калориите може да предизвика стрес на организмот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



