Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското.
Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено.
Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.
Ова предизвика револт, а јавноста веќе бара остри казни за сторителите. Двата чина донесоа нетрпеливост и навредливи коментари, што остава простор сторителите да бидат гонети, не за едно, туку за две кривични дела и тоа: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза.Според Кривичниот законик, тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.
Ставот на МВР и обвинтиелството се очекува во текот на утрешниот ден.