Контролирањето на високиот крвен притисок е од суштинско значење за намалување на ризикот од посериозни здравствени состојби како што се срцев удар и мозочен удар, а експертите ги издвоија додатоците во исхраната кои дополнително влијаат на овој проблем.
Следствено, некои додатоци не се препорачуваат за лица со висок крвен притисок. Фармацевтката Кирстин Хил го издвои витаминот Д, кој се наоѓа природно во одредени видови храна, а телото го произведува и со изложување на кожата на сончевите УВ зраци.
Иако е неопходен за многу телесни функции, високите дози на витамин Д можат да доведат до сериозни несакани ефекти, како што се зголемено ниво на калциум во крвта, но и зголемен крвен притисок.
„Високите дози на витамин Д можат да реагираат со други елементи што се користат за лекување на хипертензија, предизвикувајќи телото да задржува премногу калциум. Препорачливо е да разговарате со лекар за да ги процените нивоата на витамин Д и да разјасните дали е потребна суплементација“, изјави Хил за Health.
Исто така, коренот на растението сладунец се користи како додаток во исхраната и арома во храната, а во традиционалната медицина претходно се користел за многу заболувања. Содржи глициризинова киселина, која може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика проблеми кај лицата со хипертензија.
„Додатоци од сладунец можат да се мешаат во ефектите на лековите за крвен притисок и да доведат до нерамнотежа на натриум и калиум во телото. Поради овие ефекти, на луѓето со висок крвен притисок им се препорачува да избегнуваат производи што содржат корен од сладунец“, вели Хил.
Дополнително, билката кантарион се користи за ублажување на симптомите на депресија и менопауза, но е позната по многу интеракции со лекови. Кантарионот може да ги ослабне ефектите на некои лекови за крвен притисок со тоа што ќе се меша во нивната апсорпција во телото.
Горчливиот портокал се користи во додатоци во исхраната, најчесто за слабеење.
„Иако горчливиот портокал не е забранет, експертите предупредуваат дека може да го зголеми крвниот притисок и да го забрза срцевиот ритам и да го зголеми ризикот од несакани ефекти. Горчливиот портокал во храната и пијалоците не се смета за проблематичен“, вели Хил.
Лекарите додаваат дека реакциите на додатоците во исхраната варираат од личност до личност, во зависност од возраста, исхраната, општата здравствена состојба и други фактори.
Пронајдете не на следниве мрежи:


