Доколку ќе ја прославите Новата година дома, можете да подготвите неколку брзи и лесни јадења за себе и за вашите гости кои ќе бидат совршена ужина за вечерта.
Овие предлози за практични ужини кои се лесни за подготовка не бараат многу состојки и се совршени за опуштено новогодишно дружење и ужина до полноќ.
Лиснат тесто со фил:
Идеи за фил:
сирење + шункапесто + сирењехот-догови
Исечете го готовото лиснато тесто на ленти, наполнете го со комбинации по ваш избор, замотајте го и печете го околу 15 минути на 200°C додека не добие златно-кафеава боја.
Брзи канапеи (повеќе комбинации)
крем сирење + чаден лососнамаз од туна + кисела краставицахумус + печени пиперки
Исечете го лебот на мали парчиња и печете го во рерна додека не стане крцкав. Премачкајте го со една од комбинациите по ваш избор.
Пица ролни:
1 пакетче лиснато тесто3–4 лажици кечап100–150 грама рендано сирењешунка/салама/куленоригано или зачин за пица1 јајце (за премачкување)
Развлечете го лиснатото тесто на работна површина. Намачкајте тенок слој кечап. Посипете со сирење, потоа додадете шунка или салама. Посипете со малку оригано. Развлечете го тестото во тесна ролна. Исечете на парчиња со дебелина од 2–3 см. Ставете ги на хартија за печење и премачкајте ги со изматено јајце.
Мини печени компири:
млади компиримаслиново маслозачинипавлака и лук (за сос)
Исечете ги младите компири на половина, посолете, додадете малку маслиново масло и зачини по ваш избор. Печете додека не поруменат. Сервирајте со сос од павлака и ситно сечкан лук.
Пронајдете не на следниве мрежи:


