Ќе ви треба:
· 500 г компири· 2 белки· зачини по вкус· хартија за печење
Подготовка:
Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на тенки стапчиња. Изматете ги белките со вилушка, која можете да ја посолите или да додадете зачини по ваш вкус. Прво потопете ги компирите во белките, а потоа наредете ги на хартија за печење. Печете го помфритот подготвен на овој начин во претходно загреана рерна на 220 степени додека не порумени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


