Оброк што „ве крева на нозе“: Направете пилешка супа што ќе ви го смири желудникот

Денот по Нова Година бара нешто лесно и освежително, а ништо не ве враќа на нозе како топла домашна пилешка супа што го смирува желудникот и ви ја зголемува енергијата по напорна ноќ.

Оваа едноставна супа е брза за подготовка, лесна, хранлива и совршена за мамурлак.

Состојки:

едно пилешко крилце или батачееден мал компиреден морковмалку целереден мал црвен кромидедна лажица масло или малку путерсол, бибер, вегетамала тестенина за супамагдонос

Подготовка:

Накратко испржете го пилешкото во малку масло или путер за да ја ослободи својата арома. Додадете го сечканиот кромид, морковот, компирот и целерот и кратко пропржете сè заедно.

Истурете околу еден литар вода во тенџере, зачинете со сол, бибер и вегета. Гответе околу 30 до 40 минути додека месото и зеленчукот не омекнат. На крај, додадете една шака мали тестенини и гответе уште пет до седум минути. Посипете со сушен или свеж магдонос и послужете додека се топли.

Пронајдете не на следниве мрежи: