Карпошани во акција, чистеа јавни површини на три локации

Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволна акција за чистење на јавните површини во Општина Карпош.
Акцијата се одвиваше на три локации, каде учесниците беа поделени во работни тимови. Во Козле се чистеше просторот околу споменикот КЈП, спроти „Алумина“, во Лептокарија беа опфатени јавните површини во ТЦ Лептокарија, додека третиот тим работеше на јавните површини спроти зградата на Општина Карпош во Карпош 3.
На локациите се собираа паднати гранки, лисја и ситен отпад, со цел уредување и расчистување на јавните површини.
Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со граѓаните, советниците и општинската администрација.
Од Општина Карпош велат дека ваквите акции имаат цел да поттикнат поголема грижа за јавниот простор и заедничко учество на граѓаните и локалната самоуправа во одржувањето на општината.
The post Карпошани во акција, чистеа јавни површини на три локации appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: