Бред Пит неодамна го привлече вниманието на јавноста со својот необичен стил. Се чини дека лежерните парчиња сега се составен дел од неговата модна изјава.
Бред Пит неодамна присуствуваше на проекција на неговиот нов филм „Срцето на ѕверот“ во Лос Анџелес, а го привлече вниманието на публиката со својот избор на облека. За настанот, тој носеше лежерна комбинација која го крши секој можен дрес код за големи настани.
Тој избра индиго маица од „Мезон Марџиела“ со интересни бели детали. Актерот изгледаше „неуреден“ , а искинатите рабови на облеката исто така придонесоа за овој впечаток.
Судејќи според фотографиите, тоа му била намерата, да изгледа „неуредно“, бидејќи овој вид стилизирање е еден од водечките модни трендови на улиците на американските градови.
Комбинацијата ја надополни со фармерки и патики во боја на лимета. Додаде и авијатичарски очила за сонце за да го заокружи својот младешки, урбан изглед.
The post Што се случува со Бред Пит? Неговиот нов стајлинг шокираше многумина appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



