Министерството за внатрешни работи утре за прв пат ќе објави конкурс за прием на 12 пилоти во хеликоптерската единица. Најдобрите кандидати ќе бидат селектирани и обучени за пилотирање со 7-те хеликотери со кои располага МВР.Како што информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обуката ќе трае 19 месеци и ќе биде најсовремена по примерот на најразвиените земји. Избраните, објасни министерката, ќе стекнат не само основни тукуи и специфични знаења за пилотирање на хеликоптерите во посебни услови.
Предвидено е да се вработат шест извршители со средно и шест со високо образование, но степенот на образованието, посочи таа, нема да биде пресудно. Не постари од 25 години треба да бидат оние кои конкурираат со средно или максимум 30 години ако аплицираат со високо образование, да се државјани на РМ, да бидат здравствено и физички способни и да немаат изречено забрана за вршење професија, дејност или должност со правосилна одлука. Во посебните услови предвидено е познавање англиски јазик на високо ниво. Кандидатите ќе може да аплицираат во 8-те СВР, а во Скопје во полициските станици Гази баба, Бит Пазар и Карпош.
Јанкулоска информираше дека кандидатите може да аплицираат и по електронски пат на веб страницата на МВР.
– Најпрво следува административна селекција, по која ќе следи проверка на моторичките способности, а потоа општообразовниот и психолошкиот тест. Следува познавање на англискиот јазик и на крај лично интервју, појасни министерката Јанкулоска, додавајќи оти фазите се елиминаторни. По првичните здравствени пргледи ќе се спроведува „пилотска селекција на земја“, а оние кои ќе ја поминат за крај предвидена е и „селекција во воздух“.
12-те кандидати кои ќе покажат најдобри резултати ќе склучат договор за вработување во МВР и договор за обука и во следните 19 месеци ќе бидат сместени во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, а МВР ќе им обезбеди превоз, исхрана и друга пилотска опрема потребна за обуката со цел да добијат сертификат за оспособеност за звањето „пилот на хеликоптер“.
– Сигурна сум дека овој конкурс ќе значи чекор до остварување на сонот за многу млади во Република Македонија и очекуваме голем одѕив со оглед на можноста да станат дел од единицата која има голема традиција и претставува врв во полицијата, рече министерката за внатрешни работи Јанкулоска.Како што информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обуката ќе трае 19 м