Првата дама на Катар, шеика Моза бинт Насер ел-Миснед, комбинирајќи ја исклучителата убавина со интелектот, си обезбеди место во кругот на највлијателните луѓе во светот, со што стана најдобриот амбасадор на својата земја.Иако нејзиниот сопруг, катарскиот емир, шеикот Хамад бин Халиф ел-Тани има три сопруги – за него постои само втората жена, шеика Моза.
Моза успеала да го привлече неговото внимание и да се избори за улогата на најдоминантна сопруга. Таа е единствена која знае да го насмее, бидејќи успеала да го маѓепса. Останатите две жени му се роднини со кои се оженил поради политички интерес. Тој и Моза имаат седум деца, пет синови и две ќерки.
Шеика Моза е родена во 1959 година во градот Ел кор, во северниот дел на Катар. Живееле неколку години во прогонство со нејзиниот татко, за на крај да се омажи за шеикот Хамад ел-Тани и да се врати во Катар.
Се омажила кога имала 18 години, додека студирала на Универзитетот Катар, на кој подоцна дипломирала социологија. Покрај дипломата за социологија, таа има и три почесни докторати од Универзитетот Комонвелт во Вирџинија, како и од Универзитетот Тексас и Карнеги Мелин.
Таа е ценета личност во Катар, посебно што се однесува на политичкиот и социјалниот ангажман, а воедно е и пример за еманципација на жените во општеството во кое со столетија било невозможно да се замисли да уживаат поголеми права.
Кога шеика Моза е во близина, секогаш може да се очекува гламур, стил и софистицираност. Таа изгледа како штотуку да излегла од холивудски филм.
Списанието „Вог“ ја смести меѓу петте најдобро облечени жени во светот, а опседнатоста со нејзиниот вкус за облекување не ја криеше ниту „Венити Фер“, кој ја стави на листата за најдобро облечени дами со сина крв.
Нејзин заштитен знак се турбаните и долгите фустани, кои во склад со традицијата не откриваат ништо, но се исклучително стилизирани, со ведри бои и истакната половина. Темната шминка и накитот секогаш се забележливи кај неа, а љубител е на ракавици, ташни, каиши и очила за сонце.
„Мора да ја цениме сопствената култура и наследството, а воедно да бидеме модерни“ – смета таа.Иако нејзиниот сопруг, катарскиот емир, шеикот Хамад бин Халиф ел-Тани има три сопруги – за него постои само втората жена, шеика Моза.
Моза



