Често слушаме „предупредувања“ од старите и уште почесто на нив реагираме со непочитување и неверување, ни звучат смешно и суеверно, но еве неколку „суеверија“ за кои научно е докажано дека се точни.1. Пилешката супа е лек
Сите сме слушнале од бабите дека ако се настинеме, треба да јадеме пилешка супа. Излезе дека тоа не е сосем неточно. Иако пилешката супа нема да не излечи од настинката, сепак ќе ублажи некои симптоми. Научно е докажано дека супата навистина може да ја забави активноста на белите крвни зрнца кои се одговорни за воспалението.
2. Жените кои раѓаат момчиња, потешко се породуваат
…Ирска студија од 2003. година докажала дека во овие случаи има повеќе итни царски резови. Причината за тоа лежи во фактот дека момчињата се поголеми и потешки од девојчињата.
3. Една јаболка на ден
Британска студија од 2013 година покажала дека кога сите Британци постари од 50 години секојдневно би јаделе по една јаболка со тоа би спречиле 8500 срцеви и мозочни удари секоја година.
4. Чоколадото ги олеснува предменструалните грчеви
Се покажало дека онаа силна потреба за чоколадо пред почетокот на менструалниот циклус всушност потекнува од филозофска причина. Студиите велат дека чоколадото содржи хранливи материи и антиоксиданти како анадамид кои имаат смирувачко дејство и ја одржуваат болката во рамнотежа со остатокот од расположението.
5. Капењето со жешка вода ја оштетува спермата
Ако се обидувате да направите бебе, тогаш потрудете се вашиот сопруг да не влегува во топла купка пред самиот однос. Ова нашите баби го знаеле одамна, а науката неодамна го докажа.
6. Икањето во бременоста значи дека бебето има многу коса
Овој мит го потврдиле докторите од Балтимор. Спровеле истражување за да го побијат ова верување, но го докажале спротивното. Икањето навистина е предизвикано од растењето на косата на бебето.
7. Полна месечина
Стотина години се прераскажува бабската приказна според која децата „збудалуваат“ кога има полна месечина. И луѓето, но и животните го менуваат расположението кога има полна месечина. Студијата покажала дека луѓето потешко спијат за време на полна месечина, дури и ако ги спуштат ролетните во спалната соба.
8. Клин со клин се вади
Доколку сте пријатели со алкохолот и денот потоа сте мамурни, бабите веднаш би ви рекле да се напиете еден пијалак за да се ослободите од мамурлакот. Науката го потврди и ова. Се покажало дека консумирањето на мала количина алкохол може да го олесни мамурлакот. Но ова може да допринесе за зависност од алкохол, па ако се сетите кога ќе претерате со алкохол – напијте се чаша вода пред да заминете во кревет.
9. Бројте овци за полесно да заспиете
Старите жени им викаат на децата кои не можат да заспијат, да ги затворат очите и да бројат овци. И повторно биле во право. За доказ на ова не е потребна научна студија. Ова исто така помага да се оттргнете од стресните размислувања или анксиозните мисли кои често се поврзани со несоница.
10. Сирењето предизвикува чудни сништа
Долго време се верувало дека се работи за мит – дека ако јадете сирење пред спиење ќе сонувате чудни сништа. Во една студија биле тестирани 200 испитаници кои јаделе сирење пред спиење, а поголемиот дел од нив потврдиле дека имале чудни соништа.
11. Помасните риби се навистина храна за мозокот
Врската помеѓу омега 3 маните киселини и помасните риби навистина постои и е добро позната. Докажано е дека мастите кои се наоѓаат во рибата ја подобруваат спроводливоста помеѓу мозочните клетки и со тоа ја подобруваат функцијата и работата на мозокот. Една студија дури покажала дека со редовно консумирање на риба мозокот расте.1. Пилешката супа е лек
Сите сме слушнале од бабите дека ако се настинеме, треба да јадеме пилешка супа. Излезе дека тоа н



