Лутер Мечката Што Стои, бил Оглала Лакота Сијукс поглавар, кој успеа да го задржи начинот на живот на луѓето од Големата Рамнина и по доаѓањето, а и дополнителната експанзија на европските пионери.Неговите староседелски корени беа длабоки, овозможувајќи му да биде „канал“ за комуникација помеѓу двете култури.
Иако неговото движење низ светот на белците не било без успех (имал бројни улоги во Холивуд), неговото наследство била заштита на начинот на живеење на неговите луѓе.
Тој има објавено 4 книги до својата смрт и стана водач на прогресивното движење кое е насочено кон зачувување на културното наследство и суверенитетот на домородците во Америка.
Ова се 9 негови цитати кои ќе ве натераат да се замислите:
1. Фалење, ласкање, претерана пристојност и префинетост. Овие звучни зборови никогаш не беа дел од пристојноста на Лакота народите. Претераните манири отсекогаш се сметале за неискрени и таквиот говорник се сметал за непристоен и непромислен. Разговорот никогаш не се започнува одеднаш или на забрзан начин
2. Децата биле учени дека вистинската пристојност се дефинира со акции, а не со зборови. Тие никогаш не смееле да поминат помеѓу огнот и постаро лице или посетител, да зборуваат додека некој друг зборува или да исмеваат онеспособено или унаказено лице. Доколку некое дете би се осмелило да го стори тоа, родителите веднаш би го укориле.
3. Молчењето било значајно кај народот Лакота. Најважно било правилото дека „мислата доаѓа пред зборовите“, било да е во ситуација на огромна тага, болка, смрт или несреќа од било каков вид, па така и во присуство на истакнати лица. Строгото придржување до ова начело за добро однесување, без сомнение е причината зошто белците ова лажно го карактеризирале како стоичко однесување. Затоа, тие се сметале за рамнодушни, бесчувствителни и глупави.
4. Ние не ги сметавме рамнините, прекрасните ридови и потоците за „диви“. Само за белецот природата е „дивина“ и само нему му била „заразена со диви“ животни и „дивјаци“. За нас, сето тоа беше питомост. Земјата беше богата и бевме окружени со благословите на Големата Тајна.
5. Секогаш треба да се биде во контакт со сите суштетсва на земјата, небото и водата. Во животинскиот и птичјиот свет, секогаш постоело братско чувство кое на Лакотите им овозможувало да се чувствуваат пријатно. Некои Лакота народи станале до тој степен блиски со своте пердувести и крзнени пријатели, што тие пронашле и заеднички јазик.
6. За кожата би било добро да ја допре земјата и старите луѓе отсекогаш сакале да ги собујат мокасините и да чекорат боси по светата земја. Стариот Индијанец сѐ уште седи на земјата, наместо да се оддалечи од силата која што дава живот. Седењето или лежењето на тлото дава моќ за длабоко размислување и чувство на сила.
7. Светот претставуваше библиотека, а негови книги биле камењата, лисјето, тревата, потоците и животните кои подеднакво со нас ги делеа бурите и благословите на земјата. „Научивме да го правиме она што само студентот на природата го учи, а тоа е да ја почувствува убавината. Никогаш не зборувавме лошо за бурите или за остриот мраз и снегот. Со правењето на таквите постапки се зајаканува залудноста на човекот“, би рекол поглаварот.
8. Стариот Лакота бил мудар. Знаел дека човековото срце станува тврдо кога ќе се оддалечи од природата. Тој знаел дека недостатокот на почит за растечките, живи работи, доведува до недостаток на почит и кон луѓето. Токму затоа, тој ги држел децата блиску до влијанието на природата.
9. Цивилизацијата е наметната и воопшто не допринела ни трошка за мојата љубов кон вистината, почитувањето и великодушноста.Неговите староседелски корени беа длабоки, овозможувајќи му да биде „канал“ за комуникација помеѓу двете култури.
Иако неговото



